Стар Завет

Нов Завет

Јован 13:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пред празникот Пасха, Исус - знаејќи дека Му дојде часот за да премине од овој свет кон Таткото - љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби до крај.

2. За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде -

3. Исус, знаејки дека Таткото Му предаде сè во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога

4. стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се препаша.

5. Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.

6. Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?”

7. Исус одговори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.”

8. Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.”

9. Симон Петар Му рече: „Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата.”

10. Исус му рече: „На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.”

11. Зашто знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: „Не сите сте чисти!”

Прочитајте целосна глава Јован 13