Стар Завет

Нов Завет

Јован 12:34-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Тогаш народот Му одговори: „Ние чувме од Законот дека Христос останува вечно. Тогаш, како велиш Ти дека Човечкиот Син треба да биде издигнат? Кој е тој Човечки Син?”

35. Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е меѓу вас! Одете додека имате светлина, за да не ве опфати темнината! Кој оди по темнина, не знае каде оди.

36. Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината.” Исус го рече тоа, па отиде и се сокри од нив.

37. Иако направи толку чуда пред нив, не веруваа во Него,

38. за да се исполни словото, што го рече пророкот Исаија: „Господи, кој и поверува на нашата проповед? И кому му се откри Господовата рака?”

39. Затоа не можеа да веруваат, зашто Исаија уште рече: „

40. Им ги заслепи очите, и им ги скамени срцата; за да не гледаат со очите, за да не разбираат со срцето; и за да не се обратат - и да не ги излечам.”

41. Исаија го рече тоа, зашто ја виде Неговата слава и зборуваше за Него.

42. Сепак, мнозина од првенците поверуваа во Него, но заради фарисеите не исповедуваа јавно, за да не бидат исфрлени од синагогата;

43. зашто повеќе ја сакаа човечката слава, отколку Божјата слава.

44. А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној, Кој Ме пратил.

45. И кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, Кој Ме прати.

46. Јас - Светлината - дојдов во светот, та ниеден, кој верува во Мене, да не остане во темнина.

47. И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.

48. Кој Ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во последниот ден.

49. Зашто Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.

Прочитајте целосна глава Јован 12