Стар Завет

Нов Завет

Јован 12:29-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. А народот, кој стоеше и го чу, рече: „Загрми!”- а други рекоа: „Ангел Му говори!”

30. Исус во одговор рече: „Овој глас не дојде заради Мене, туку заради вас.

31. Сега е судот на овој свет. Сега кнезот на светов ќе биде исфрлен надвор!

32. А Јас - кога ќе бидам издигнат од земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.”

33. Тоа го рече за да покаже со каква смрт ќе умре.

34. Тогаш народот Му одговори: „Ние чувме од Законот дека Христос останува вечно. Тогаш, како велиш Ти дека Човечкиот Син треба да биде издигнат? Кој е тој Човечки Син?”

Прочитајте целосна глава Јован 12