Стар Завет

Нов Завет

Јован 12:24-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод.

25. Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот.

26. Ако некој Ми служи Мене - нека Ме следи; каде Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. Ако некој Ми служи Мене; Мојот Татко ќе го почитува него.”

27. Сега, Мојата душа е вознемирена, и што да кажам? Татко, избави Ме од овој час! - Но, заради тоа и дојдов до овој час!

28. Татко, прослави го Твоето име! Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам.”

29. А народот, кој стоеше и го чу, рече: „Загрми!”- а други рекоа: „Ангел Му говори!”

30. Исус во одговор рече: „Овој глас не дојде заради Мене, туку заради вас.

31. Сега е судот на овој свет. Сега кнезот на светов ќе биде исфрлен надвор!

32. А Јас - кога ќе бидам издигнат од земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.”

33. Тоа го рече за да покаже со каква смрт ќе умре.

34. Тогаш народот Му одговори: „Ние чувме од Законот дека Христос останува вечно. Тогаш, како велиш Ти дека Човечкиот Син треба да биде издигнат? Кој е тој Човечки Син?”

35. Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е меѓу вас! Одете додека имате светлина, за да не ве опфати темнината! Кој оди по темнина, не знае каде оди.

Прочитајте целосна глава Јован 12