Стар Завет

Нов Завет

Јован 11:43-57 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Откако го рече тоа, викна со силен глас: „Лазаре, излези надвор!”

44. Умрениот излезе, завиткан со повои по рацете и нозете, а лицето му беше забрадено со крпа. Исус им рече: „Одвиткајте го и оставете го да оди!”

45. Тогаш мнозина од Јудејците, кои дојдоа со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него;

46. а некои од нив отидоа при фарисеите и им рекоа што направи Исус.

47. Затоа свештеничките главатари и фарисеите го свикаа Синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Зашто Овој човек прави многу чудеса?

48. Ако Го оставиме така, сите ќе веруваат во Него, и Римјаните ќе дојдат и ќе ни ги одземат и земјата и народот!”

49. А еден од нив, Кајафа, кој беше првосвештеник во таа година, им рече: „Вие не знаете ништо,

50. ниту помислувате, дека е подобро за вас да умре еден човек за народот, а не сиот народ да пропадне.”

51. А ова не го рече сам од себе, туку - како првосвештеник во таа година - прорече, дека Исус ќе умре за народот,

52. и не само за народот, туку и за да ги собере во едно распрснатите Божји деца.

53. Така, по тој ден, се договорија да Го убијат.

54. Затоа Исус веќе не се движеше јавно меѓу Јудејците, туку отиде оттаму во крај близу до пустината, во градот наречен Ефрем, и таму престојуваше со учениците.

55. А наближуваше јудејската Пасха, па мнозина од внатрешноста отидоа горе во Ерусалим, пред Пасхата, за да се очистат.

56. Го бараа Исуса, и стоејќи во Храмот, зборуваа меѓу себе: „Што мислите вие? Нема ли да дојде на празникот?”

57. А главните свештеници и фарисеите веќе беа издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.

Прочитајте целосна глава Јован 11