Стар Завет

Нов Завет

Јован 11:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш учениците Му рекоа: „Господи, ако заспал, ќе оздрави.”

13. Но Исус зборуваше за неговата смрт, а тие мислеа дека зборува за починка во сон.

14. Тогаш Исус им рече јасно: „Лазар умре;

15. и се радувам заради вас, дека не бев таму, - за да поверувате; туку, да отидеме при него.”

16. Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на соучениците: „Да отидеме и ние да умреме со Него!”

17. Исус пак дојде и најде дека е четири дена во гробот.

18. А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;

19. и мнозина Јудејци беа дошле при Марта и Марија да ги утешат за братот.

20. Штом чу Марта дека доаѓа Исус, Му излезе во пресрет; а Марија седеше дома.

21. Тогаш Марта Му рече на Исуса: „Господи, ако беше тука, не ќе умреше брат ми.

22. И сега знам дека Бог ќе Ти даде, што и да помолиш од Бога.”

Прочитајте целосна глава Јован 11