Стар Завет

Нов Завет

Јован 11:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Беше и еден болен, Лазар од Витанија, од селото на Марија и сестра и Марта.

2. А Марија - чиј брат Лазар беше болен - беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша Неговите нозе со својата коса.

3. И така, сестрите пратија до Него да Му кажат: „Господи, ете, болен е оној кого го љубиш.”

4. А штом Исус го чу тоа, рече: „Болеста не е смртоносна, туку за Божја слава, за да се прослави Божјиот Син.”

5. А Исус ги љубеше: Марта, и нејзината сестра, и Лазара.

6. И кога чу дека е болен, остана тогаш уште два дена во местото, каде се наоѓаше.

7. Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја.”

8. Учениците Му рекоа: „Рави, Јудејците сега сакаа да Те убијат со камења, а Ти пак одиш онаму?”

9. Исус одговори: „Зар денот нема дванаесет часови? Ако некој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет;

10. а ако некој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.

11. Тоа им рече, а потоа продолжи: „Нашиот пријател Лазар заспа; туку, одам да го разбудам.”

Прочитајте целосна глава Јован 11