Стар Завет

Нов Завет

Јован 1:41-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Тој го најде првин брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи Христос (Помазаник).”

42. И го доведе при Исуса. А Исус, гледајќи го му рече: „Ти си Симон, синот Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи камен (Петар).”

43. На другиот ден Исус посака да отиде во Галилеја, и го најде Филипа. И му рече: „Дојди по Мене!”

44. Филип беше од Витсаида, од Петровиот и Андреевиот град.

45. Филип го сретна Натанаила и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишува Мојсеј во Законот и Пророците: Исуса, синот Јосифов од Назарет.”

46. ”Може ли да излезе нешто добро од Назарет?”, му рече Натанаил. „Дојди и види”, му одговори Филип.

47. Исус го забележа Натанаила, како Му се приближува, и рече за него: „Еве, вистински Израелец, во кого нема лукавство.”

48. ”Откаде ме познаваш?”, го праша Натанаил. „Уште пред да те повика Филип - му одговори Исус - те видов под смоквата.”

49. ”Рави! - му одговори Натанаил - Ти си Божји Син! Ти си Израелев Цар!”

50. Исус во одговор му рече: „Веруваш, зашто ти реков дека те видов под смоквата! Ќе видиш и повеќе од тоа!”

51. И му рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Човечкиот Син.”

Прочитајте целосна глава Јован 1