Стар Завет

Нов Завет

Јован 1:29-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!

30. Овој е Оној за Кого ви реков: „По мене доаѓа Човек, Кој постоеше пред мене, зашто беше пред мене.”

31. Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.”

32. Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.

33. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”

34. И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”

35. Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици,

36. и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!”

37. Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика тргнаа по Исуса.

38. Исус се заврти и, кога виде дека идат по Него, ги праша: „Што барате?” Тие Му одговорија: „Рави (што значи учител) каде живееш?”

39. ”Дојдете и видете!” им одговори. И така, отидоа да видат каде живее, и останаа при Него оној ден. Тоа беше околу десеттиот час.

40. Еден од двајцата кои тргнаа по Исуса, откако ги чуја Јовановите зборови, беше Андреј, братот на Симона Петра.

41. Тој го најде првин брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи Христос (Помазаник).”

42. И го доведе при Исуса. А Исус, гледајќи го му рече: „Ти си Симон, синот Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи камен (Петар).”

Прочитајте целосна глава Јован 1