Стар Завет

Нов Завет

Јаков 3:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И кога на коњите им ставаме узда во устата, за да ни се покоруваат, и можеме да управуваме со целото нивно тело.

4. Ете, и корабите, иако се толку големи и се гонети од силни ветрови, со нив управува мошне мала крмичка, каде што сака кормиларовата волја.

5. Така и јазикот е мал член, но се фали со големи работи. Ете, како мал оган запалува голема шума!

6. И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот.

Прочитајте целосна глава Јаков 3