Стар Завет

Нов Завет

Галатите 6:8-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.

9. Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.

10. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.

11. Видете, колкави букви ви напишав со сопствена рака!

12. Сите оние, кои сакаат да се прават важни со телото, тие ве приморуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.

13. Зашто ни самите тие, кои се обрезуваат, не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се фалат со вашето тело.

14. А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот!

15. Зашто ниту обрезанието е нешто ниту необрезанието, туку ново создание.

16. И на сите, кои ќе го следат ова правило - мир и милост, на нив, и на Божјиот Израел.

17. Во иднина никој да не ми досадува повеќе, зашто ги носам Исусовите рани во своето тело.

18. Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух! Амин!

Прочитајте целосна глава Галатите 6