Стар Завет

Нов Завет

Галатите 6:4-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг.

5. Зашто секој ќе го носи своето бреме.

6. А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи.

7. Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:

8. кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.

9. Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.

10. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.

11. Видете, колкави букви ви напишав со сопствена рака!

12. Сите оние, кои сакаат да се прават важни со телото, тие ве приморуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.

Прочитајте целосна глава Галатите 6