Стар Завет

Нов Завет

Галатите 6:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Браќа, ако и да падне некој во некаков грев, вие, кои сте духовни, поправувајте го таквиот во духот на кротоста, но чувај се себеси и ти да не бидеш искушан.

2. Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните законот Христов!

3. Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, самиот се измамува.

4. А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг.

5. Зашто секој ќе го носи своето бреме.

6. А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи.

7. Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:

8. кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.

9. Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.

10. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.

Прочитајте целосна глава Галатите 6