Стар Завет

Нов Завет

Галатите 5:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и не потчинувајте му се пак на ропскиот јарем.

2. Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос никако нема да ви користи.

3. И пак му сведочам на секој човек, кој се обрезува, дека е должен да го исполни целиот Закон.

4. Се одвоивте од Христа вие, кои сакате да се оправдате преку Законот; отпаднавте од благодатта.

5. Зашто ние, преку Духот, преку верата, ја очекуваме надежта на правдата.

6. Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.

7. Трчавте добро! Кој ви попречи да не се покорувате на вистината?

8. Тоа одвраќање не е од Оној, Кој ве повика.

9. Малку квас го потквасува целото тесто.

10. Јас сум уверен за вас во Господа, дека нема да мислите инаку. А кој ве буни ќе претрпи осуда, кој и да бил!

11. Ако пак јас, браќа, уште го проповедам обрезанието, зошто уште ме гонат? Во тој случај се укинува соблазната од крстот!

Прочитајте целосна глава Галатите 5