Стар Завет

Нов Завет

Галатите 4:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ви велам пак, додека е наследникот малолетен, со ништо не се разликува од робот, иако е господар на сè.

2. Туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.

3. Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот;

4. а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот,

5. за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето.

6. А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!”

7. Затоа не си повеќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и наследник на Бога преку Христа.

8. Но вие порано, не познавајќи Го Бога, им служевте ропски на боговите, кои по природа не се тоа.

9. А сега, кога Го познавате Бога, или уште подобро: откако Бог ве позна вас - како можете пак да им се враќате на слабите и бедни елементарни учења, на кои сакате пак одново да им служите ропски?

10. Внимавате на деновите, и месеците, и времињата, и годините.

Прочитајте целосна глава Галатите 4