Стар Завет

Нов Завет

Галатите 3:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.

26. Зашто, сите сте Божји синови преку верата во Христа Исуса,

27. зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.

28. Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.

29. А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, наследници по ветувањето.

Прочитајте целосна глава Галатите 3