Стар Завет

Нов Завет

Галатите 3:21-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Според тоа, дали е Законот противен на Божјите ветувања? Далеку од тоа! Зашто, ако беше даден закон, што може да даде живот, тогаш навистина праведноста би била од законот.

22. Но Писмото сите ги затвори под грев, и врз основа на верата во Исуса Христа ветувањето да им биде дадено на оние, кои веруваат.

23. А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие.

24. Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата.

25. А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.

26. Зашто, сите сте Божји синови преку верата во Христа Исуса,

27. зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.

28. Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.

29. А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, наследници по ветувањето.

Прочитајте целосна глава Галатите 3