Стар Завет

Нов Завет

Галатите 2:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На четиринаесет години потоа отидов горе пак во Ерусалим со Варнава, земајќи го со себе и Тит.

2. А отидов горе по откровение и им го изложив Евангелието, кое го проповедам меѓу народите, но насамо на видните, можеби да не трчам или да не сум трчал напразно.

3. Но ни Тит, кој беше со мене, иако Грк, не беше принуден да се обреже,

4. и тоа заради тајно воведените лажни браќа, кои се вовлекле за да ја согледуваат нашата слобода, која ја имаме во Христа Исуса, за да нè поробат.

5. На кои не им отстапивме ни за час, ниту им се покоривме, за да остане со вас вистината на Евангелието.

6. А што се однесува за оние, кои беа сметани за видни, какви и да биле некогаш, мене ми е сеедно; Бог не гледа на човековото лице - тие видните ништо не ми придадоа.

Прочитајте целосна глава Галатите 2