Стар Завет

Нов Завет

Филипќаните 3:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, браќа мои, радувајте се во Господа! Мене не ми е здодевно да ви пишувам исто, а вам ви служи за безбедност.

2. Пазете се од кучињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажно обрезание!

3. Зашто, ние сме вистинското обрезание; ние, кои служиме со Божјиот Дух и се фалиме во Христа Исуса, а не се надеваме во телото,

Прочитајте целосна глава Филипќаните 3