Стар Завет

Нов Завет

Филипќаните 2:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа;

6. Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога,

7. туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето.

8. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.

9. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име,

10. и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата;

11. и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото.

12. Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет.

13. Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја.

14. Правете сè без ропот и двоумење,

Прочитајте целосна глава Филипќаните 2