Стар Завет

Нов Завет

Филипќаните 2:19-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Се надевам во Господа Исуса дека ќе ви го испратам скоро Тимотеј, та и јас да се утешам кога ќе научам како сте вие.

20. Зашто немам никого, кој е со иста душа како него, кој толку искрено ќе се грижи за вас,

21. зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса.

22. Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието.

23. Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене.

24. А се надевам во Господа дека и јас самиот скоро ќе дојдам.

25. Сметав пак за потребно да ви го испратам Епафродит, својот брат и соработник и соборец - а ваш пратеник, кој и служи на мојата потреба;

26. зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен.

27. Навистина беше болен близу до смртта, но Бог му се смилува, и не само нему, туку и мене, за да не ми дојде жал врз жал.

28. Затоа го испратив поскоро, да се зарадувате пак кога ќе го видите, и јас да бидам помалку нажален.

29. И така, примете го во Господа со секаква радост и почитувајте ги таквите,

30. зашто заради Христовото дело се најде близу до смртта, излагајќи го својот живот на опасност, за да го надомести, тоа што вие не можевте да ми услужите.

Прочитајте целосна глава Филипќаните 2