Стар Завет

Нов Завет

Филипќаните 2:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, ако има некаква утеха во Христа, ако има некакво охрабрување од љубов, ако има некаква заедница на Духот, ако има некакво внатрешно сочувство и сомилост,

2. исполнете ја мојата радост, и мислете исто имајќи ја истата љубов, еднодушни со мисли насочени кон едно.

3. Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси!

4. Не гледајте секој само на своето, туку секој нека гледа на она што се однесува за другите.

5. Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа;

6. Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога,

7. туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето.

8. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.

Прочитајте целосна глава Филипќаните 2