Стар Завет

Нов Завет

Филимон 1:10-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. те молам за моето чедо Онисима, кого го родив во оковите,

11. кој некогаш ти беше некорисен, а кој сега ни е корисен и тебе и мене. Ти го испраќам назад него,

12. а ти прими го како моето срце.

13. Сакав да го задржам при себе, за да ми служи место тебе во оковите за Евангелието.

14. Но не сакав ништо да направам без твојата согласност, за да не биде твоето добро дело како принудно туку како доброволно.

15. Зашто можеби затоа беше одделен од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,

16. не веќе како роб, туку повеќе од роб, како возљубен брат, особено за мене, а камоли не тебе - и по тело и во Господа.

17. И така, ако мене ме сметаш за другар, прими го него како мене!

18. А ако ти направил некаква штета или ти должи нешто, стави го тоа на моја сметка.

19. Јас, Павле, напишав со своја рака, јас ќе платам; за да не ти речам дека и самиот себе си ми должен мене.

20. Да, брате, сакам да видам некаква полза од тебе во Господа. Освежи го срцето мое во Христа.

21. Ти го напишав ова имајќи доверба во твојата послушност, зашто знам дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.

22. А заедно со тоа приготви ми и сместување, зашто се надевам дека преку вашите молитви ќе ви бидам даруван вам.

23. Те поздравуваат: Епафрас, кој е со мене затвореник во Христа Исуса,

24. Марко, Аристарх, Димас и Лука, мои соработници.

25. Благодатта на Господа Исуса Христа со вашиот дух. Амин!

Прочитајте целосна глава Филимон 1