Стар Завет

Нов Завет

Филимон 1:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Павле, затвореник за Христа Исуса, и братот Тимотеј до нашиот возљубен соработник Филимон,

2. и до сестрата Апфија и до нашиот другар во војувањето Архипа и до твојата домашна црква,

3. благодат вам и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа.

4. Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во своите молитви

5. имено, слушам за твојата љубов и вера, што ја имаш кон Господа Исуса и кон сите свети,

6. и твоето општење во верата да биде делотворно во познавањето на секое добро што е во вас заради Исуса Христа.

7. Зашто имам голема радост и утеха во твојата љубов, бидејќи ти - брате - ги освежи срцата на светите.

8. Затоа, иако имам голема смелост во Христа да ти заповедам што е правилно,

Прочитајте целосна глава Филимон 1