Стар Завет

Нов Завет

Евреите 9:16-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Зашто, каде што има завет потребно е да се докаже и смртта на заветувачот.

17. Имено, заветот станува полноважен по смртта, а никогаш не важи додека живее заветувачот.

18. Затоа ни првиот завет не беше утврден без крв.

19. Имено, кога Мојсеј му ја изговори секоја заповед според Законот на целиот народ, зеде крв од јунци и јарци со вода и со црвена волна и со исоп ги попрска: и самиот книжен свиток и целиот народ,

20. велејќи : „Ова е крвта на заветот, што Бог го склучи со вас.”

21. А исто така ги попрска со крвта Шаторот и сите богослужбени садови.

22. И по Законот речиси сè се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање.

23. И така, неопходно беше сликите на небесните нешта да се очистат со нив, а самите небесни нешта со жртви подобри од овие.

24. Зашто Христос не влезе во ракотворна Светина, која е образ на вистинската, туку во самото небо, за да се јави сега пред Божјото лице за нас.

25. И не за да се принесе многупати Себеси, како што првосвештеникот влегува во Светината секоја година со туѓа крв;

26. зашто инаку би требало да страда многупати од создавањето на светот. Но сега, кон крајот на вековите, Тој се јави еднаш, за да го отстрани гревот со Својата жртва.

27. И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд,

Прочитајте целосна глава Евреите 9