Стар Завет

Нов Завет

Евреите 7:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Навистина и оние од Левиевите синови, кои ја примаат свештеничката служба, имаат заповед според Законот да земаат десеток од народот, односно од своите браќа, иако и тие излегоа од Авраамовите бедра.

6. Но оној, кој не произлегол од нив зеде десеток од Авраама и го благослови оној кој ги имаше ветувањата.

7. А и без секаква противречност е дека помалиот е благословен од поголемиот.

8. И така, тука смртни луѓе земаат десеток, а таму Оној, за Кого се сведочи дека живее.

9. И да речам така, Левиј, кој зема десеток, даде десеток преку Авраама,

10. зашто уште беше во бедрото на својот татко, кога Мелхиседек го сретна.

11. И така, ако исполнувањето беше преку левитското свештенство, зашто народот го прими Законот под него, каква потреба би била уште да се издигне друг свештеник по редот Мелхиседеков и да не се наречува по редот Аронов?

12. Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.

13. Бидејќи тој, за кого се вели ова му припаѓаше на друго племе, од кое никој не служел при жртвеникот.

14. Зашто е познато дека нашиот Господ произлезе од Јудиното племе, а за свештенство од ова племе Мојсеј ништо не рече.

15. Тоа станува уште појасно ако се воздигне друг свештеник според сличноста на Мелхиседек,

Прочитајте целосна глава Евреите 7