Стар Завет

Нов Завет

Евреите 7:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. без татко, без мајка, без родословие, кој немаше ниту почеток на деновите, ниту свршеток на животот, сличен на Божјиот Син, останува вечно свештеник.

4. Гледате ли колку е голем оној кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен!

5. Навистина и оние од Левиевите синови, кои ја примаат свештеничката служба, имаат заповед според Законот да земаат десеток од народот, односно од своите браќа, иако и тие излегоа од Авраамовите бедра.

6. Но оној, кој не произлегол од нив зеде десеток од Авраама и го благослови оној кој ги имаше ветувањата.

7. А и без секаква противречност е дека помалиот е благословен од поголемиот.

8. И така, тука смртни луѓе земаат десеток, а таму Оној, за Кого се сведочи дека живее.

9. И да речам така, Левиј, кој зема десеток, даде десеток преку Авраама,

10. зашто уште беше во бедрото на својот татко, кога Мелхиседек го сретна.

Прочитајте целосна глава Евреите 7