Стар Завет

Нов Завет

Евреите 7:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Тоа станува уште појасно ако се воздигне друг свештеник според сличноста на Мелхиседек,

16. кој не станал тоа според закон на телесна заповед, туку според силата на неуништливиот живот.

17. Зашто за него се сведочи: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.”

18. Со тоа се укинува поранешната заповед, заради нејзината слабост и бесполезност -

19. зашто Законот не усовршил ништо, а се воведува подобра надеж, преку која се доближуваме до Бога.

20. Доколку не бива без заклетва, имено другите станаа свештеници без заклетва;

21. а Тој со заклетва преку Оној, Кој Му рече: „Господ се заколна и нема да се покае: Ти си свештеник довека”,

Прочитајте целосна глава Евреите 7