Стар Завет

Нов Завет

Евреите 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зашто овој Мелхиседек, салимски цар, свештеник на Сèвишниот Бог, кој го пресретна Авраама кога се враќаше по победата над царевите, и го благослови;

2. кому Авраам му оддели десеток од сè; чие име прво значи „Цар на правдата”, потоа „Цар на Салим” односно „Цар на мирот”,

3. без татко, без мајка, без родословие, кој немаше ниту почеток на деновите, ниту свршеток на животот, сличен на Божјиот Син, останува вечно свештеник.

4. Гледате ли колку е голем оној кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен!

5. Навистина и оние од Левиевите синови, кои ја примаат свештеничката служба, имаат заповед според Законот да земаат десеток од народот, односно од своите браќа, иако и тие излегоа од Авраамовите бедра.

Прочитајте целосна глава Евреите 7