Стар Завет

Нов Завет

Евреите 4:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.”

6. И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност;

7. пак определува некој ден, „денес”, кога по толку време зборува преку Давида, како што е речено порано: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца.”

8. Зашто, ако Исус Навинов можеше да ги доведе во починка, не би зборувал после тоа за друг ден.

9. Значи, на Божјиот народ му остана починката.

10. Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите.

11. И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност!

12. Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето,

Прочитајте целосна глава Евреите 4