Стар Завет

Нов Завет

Евреите 4:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите.

11. И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност!

12. Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето,

13. и нема создание кое е невидливо пред Него; туку сè е голо и откриено пред очите на Оној, пред Кого ние ќе дадеме сметка.

14. И така, бидејќи имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата - Исуса, Божјиот Син, да се држиме цврсто за исповедувањето!

15. Зашто, немаме првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку Кој бил искушуван во сè како нас, освен гревот.

16. И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба.

Прочитајте целосна глава Евреите 4