Стар Завет

Нов Завет

Евреите 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, да страхуваме да не е изостанал некој од вас, додека е уште оставено ветувањето за влегувањето во Неговата починка.

2. Зашто и ние ја чувме Радосната Вест како и тие; но немаа полза од словото што го чуја, зашто не беше придружено со вера, кај оние кои го беа чуле.

3. Имено, во починката влегуваме ние, кои поверувавме, како што рекол: „Така се заколнав во Мојот гнев и нема да влезат во Мојата починка”, иако делата беа свршени уште при основањето на светот.

4. Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела.”

5. И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.”

Прочитајте целосна глава Евреите 4