Стар Завет

Нов Завет

Евреите 3:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината,

9. каде вашите татковци се обидоа да Ме искушуваат, и ги видоа Моите дела четириесет години.

10. Затоа се расрдив на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта;

11. така што се заколнав во Својот гнев: нема да влезат во Мојата починка.”

12. Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог;

13. туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес”, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот.

14. Зашто, ние станавме Христови соучесници, само ако почетната увереност ја запазиме цврсто до крај.

15. Кога се вели: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето.”

16. Имено, кои се тие кои, откако чуја Го огорчија? Зар не сите кои излегоа од Египет преку Мојсеја?

17. А на кои беше гневен четириесет години? Зар не на оние кои згрешија и чии трупови паднаа во пустината?

18. А на кои им се заколна дека нема да влезат во Неговата починка, ако не на оние кои беа непокорни?

19. И гледаме дека не можеа да влезат поради неверието.

Прочитајте целосна глава Евреите 3