Стар Завет

Нов Завет

Евреите 3:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината,

9. каде вашите татковци се обидоа да Ме искушуваат, и ги видоа Моите дела четириесет години.

10. Затоа се расрдив на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта;

11. така што се заколнав во Својот гнев: нема да влезат во Мојата починка.”

12. Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог;

13. туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес”, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот.

14. Зашто, ние станавме Христови соучесници, само ако почетната увереност ја запазиме цврсто до крај.

15. Кога се вели: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето.”

Прочитајте целосна глава Евреите 3