Стар Завет

Нов Завет

Евреите 3:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа, свети браќа, вие кои учествувате во небесното призвание, насочете ги вашите мисли кон Исуса, Апостолот и Првосвештеникот на нашето исповедување,

2. Кој Му е верен на Оној, Кој Го поставил, како што беше и Мојсеј во целиот Негов дом.

3. Зашто Овој е удостоен со поголема слава од Мојсеја, како што поголема чест има од куќата оној кој ја изградил.

4. Зашто, секоја куќа некој ја гради; а Бог изградил сè.

5. Навистина, и Мојсеј беше верен во целиот Негов дом како слуга, за да посведочи за она што имаше да се каже,

6. а Христос како Син е над Својот дом; а ние сме Негов дом, ако ги запазиме смелоста и радоста на нашата надеж.

7. Затоа како што вели Светиот Дух: „Денес ако го чуете Неговиот глас,

8. не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината,

9. каде вашите татковци се обидоа да Ме искушуваат, и ги видоа Моите дела четириесет години.

10. Затоа се расрдив на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта;

11. така што се заколнав во Својот гнев: нема да влезат во Мојата починка.”

12. Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог;

13. туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес”, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот.

Прочитајте целосна глава Евреите 3