Стар Завет

Нов Завет

Евреите 13:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците.

5. Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”

6. Затоа можеме смело да речеме: „Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?”

7. Помнете ги своите водачи, кои ви го говореа Божјото слово; гледајте на крајот на нивниот начин на живеење, Подражавајте ја нивната вера!

8. Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека.

9. Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи науки, зашто е добро срцето да биде зацврстувано во благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние, кои живееја преку нив!

10. Ние имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат служителите на Шаторот

11. Бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за гревовите, се изгоруваат надвор од станот,

12. затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, пострада надвор од градската порта.

13. И така, да појдеме кон Него, надвор од станот, носејќи ја Неговата мака,

14. зашто тука немаме траен град, туку го бараме идниот.

15. И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговото име.

Прочитајте целосна глава Евреите 13