Стар Завет

Нов Завет

Евреите 13:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Братољубието нека остане!

2. Не го заборавајте гостољубието, зашто некои преку него, без да знаат, примија ангели на гости!

3. Помнете ги затворениците, како да сте оковани со нив; и оние кои страдаат, зашто и самите сте во тело!

4. Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците.

5. Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”

6. Затоа можеме смело да речеме: „Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?”

7. Помнете ги своите водачи, кои ви го говореа Божјото слово; гледајте на крајот на нивниот начин на живеење, Подражавајте ја нивната вера!

Прочитајте целосна глава Евреите 13