Стар Завет

Нов Завет

Евреите 12:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Освен тоа, нашите телесни татковци нè казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме?

10. Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.

11. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.

12. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена,

13. и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели.

14. Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа,

15. внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен” и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина;

16. да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство.

17. Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.

18. Зашто, вие не пристапивте до гората, што може да се опипа и што е пламната во оган; ни до темнината, ни до мракот, ни до виорот,

Прочитајте целосна глава Евреите 12