Стар Завет

Нов Завет

Евреите 12:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови.

9. Освен тоа, нашите телесни татковци нè казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме?

10. Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.

11. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.

Прочитајте целосна глава Евреите 12