Стар Завет

Нов Завет

Евреите 12:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. до свечениот соборот и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога - Судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници;

24. до Исуса, посредникот на Новиот Завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.

25. Гледајте да не Го одбиете Оној Кој зборува! Зашто, ако не избегаа оние, кои Го одбија Оној Кој предупредуваше на земјата; уште помалку ќе избегаме ние, ако се отстраниме од Оној Кој зборува од небесата!

26. Неговиот глас ја потресе тогаш земјата, а сега ветува, велејќи: „ Јас ќе ги потресам уште еднаш не само земјата туку и небото.”

27. А тоа „уште еднаш„ укажува на измена на она што може да се потресе како создадено, за да остане она што не може да се потресе.

28. Затоа, примајќи го Непоколебливото Царство, да бидеме благодарни со што Му служиме благоугодно на Бога, со страв и со почитување.

29. Зашто, нашиот Бог е оган, што проголтува.

Прочитајте целосна глава Евреите 12