Стар Завет

Нов Завет

Евреите 12:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.

12. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена,

13. и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели.

14. Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа,

15. внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен” и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина;

16. да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство.

17. Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.

Прочитајте целосна глава Евреите 12