Стар Завет

Нов Завет

Евреите 12:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци, да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нè сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас;

2. гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол.

3. Имено, размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не се истоштите и за да не станете малодушни.

4. Уште не сте се воспротивеле до крв во борбата против гревот,

5. и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува,

6. зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.”

7. Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува?

8. А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови.

9. Освен тоа, нашите телесни татковци нè казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме?

10. Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.

11. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.

12. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена,

13. и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели.

14. Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа,

Прочитајте целосна глава Евреите 12