Стар Завет

Нов Завет

Евреите 11:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Зашто хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство од египетските богатства, зашто ја имаше предвид наградата.

27. Преку вера го напушти Египет, не плашејќи се од царевиот гнев, зашто издржа како да Го гледа Невидливиот.

28. Преку вера ја прослави Пасхата и изврши попрскување со крв, за да не го допре оној, кој ги сотруваше првородените.

29. Преку вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, а Египтјаните - кога се обидоа, се издавија.

30. Преку вера паднаа ерихонските ѕидови, по седумдневното обиколување околу нив.

Прочитајте целосна глава Евреите 11