Стар Завет

Нов Завет

Евреите 11:16-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.

17. Преку вера Авраам - кога беше испитуван - го принесе Исака, и тој, кој ги прими ветувањата го принесе својот единороден син.

18. Кому му беше речено: „Во Исака ќе биде наречено твоето Семе.” Тој помислил дека Бог може и од мртвите да воскреснува;

19. затоа го прими и како преобраз на воскресението.

20. Преку вера Исак ги благослови Јакова и Исава, и во однос на идните нешта.

21. Преку вера Јаков, умирајќи, го благослови секој Јосифов син, и Му се поклони на Бог потпирајќи се на врвот од својот стап.

22. Преку вера Јосиф на умирање спомна за излезот на Израелевите синови и даде заповед за своите коски.

23. Преку вера Мојсеј, кога се роди, неговите родители го криеја три месеци, зашто видоа дека детето е убаво и не се уплашија од царевата заповед.

24. Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка,

25. и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот.

26. Зашто хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство од египетските богатства, зашто ја имаше предвид наградата.

27. Преку вера го напушти Египет, не плашејќи се од царевиот гнев, зашто издржа како да Го гледа Невидливиот.

28. Преку вера ја прослави Пасхата и изврши попрскување со крв, за да не го допре оној, кој ги сотруваше првородените.

29. Преку вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, а Египтјаните - кога се обидоа, се издавија.

30. Преку вера паднаа ерихонските ѕидови, по седумдневното обиколување околу нив.

31. Преку вера блудницата Раава не загина со непокорните, зашто ги прими согледувачите со мир.

32. И што да речам уште? Зашто нема да имам доволно време кога би почнал да раскажувам за Гедеона, Варака, Самсона, Јефтаја, Давида и Самоила, и за пророците,

33. кои преку вера победија царства, извршија правда, добија ветувања, затворија уста на лавови,

Прочитајте целосна глава Евреите 11