Стар Завет

Нов Завет

Евреите 11:14-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Зашто, кои зборуваат така, покажуваат дека ја бараат родината.

15. И ако при тоа мислеле на онаа, од која излегле, имаа време да се вратат;

16. но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.

17. Преку вера Авраам - кога беше испитуван - го принесе Исака, и тој, кој ги прими ветувањата го принесе својот единороден син.

18. Кому му беше речено: „Во Исака ќе биде наречено твоето Семе.” Тој помислил дека Бог може и од мртвите да воскреснува;

19. затоа го прими и како преобраз на воскресението.

20. Преку вера Исак ги благослови Јакова и Исава, и во однос на идните нешта.

21. Преку вера Јаков, умирајќи, го благослови секој Јосифов син, и Му се поклони на Бог потпирајќи се на врвот од својот стап.

22. Преку вера Јосиф на умирање спомна за излезот на Израелевите синови и даде заповед за своите коски.

23. Преку вера Мојсеј, кога се роди, неговите родители го криеја три месеци, зашто видоа дека детето е убаво и не се уплашија од царевата заповед.

24. Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка,

25. и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот.

Прочитајте целосна глава Евреите 11