Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 3:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. од Кого секој род на небесата и на земјата добива име;

16. да ви даде, според богатството на Својата слава - да зајакнете со сила преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,

17. та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовта:

18. за да можете да сфатите со сите свети, што е ширина и должина, и височина и длабочина,

19. и да ја познаете Христовата љубов, која го надминува знаењето; за да се исполните во целата Божја полнота.

20. А на Оној, Кој со Својата сила, што дејствува во нас, може да направи прекумерно над сè што ние молиме или мислиме -

21. Нему нека е слава во Црквата и во Христа Исуса на сите поколенија од века до века! Амин!

Прочитајте целосна глава Ефешаните 3