Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 3:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа јас, Павле, сум затвореник на Христа Исуса за вас народите,

2. само ако сте чуле за управителството на Божјата благодат, која ми е дадена за вас;

3. дека по откровение ми е соопштена тајната, како што порано пишав накратко.

4. Читајќи оттаму можете да го разберете моето сфаќање на тајната на Христа,

5. која што во другите поколенија не им беше кажана на човечките синови, како што сега преку Духот им е откриена на Неговите свети апостоли и пророци:

6. дека народите се сонаследници и припадници на истото тело, и заедничари на Неговото ветување во Христа Исуса, преку Евангелието,

7. на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена според дејството на Неговата сила.

8. На мене - најмалиот од сите свети - ми е дадена оваа благодат: да им го навестувам на народите Евангелието на неистражливото Христово богатство

9. и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, која од вечноста беше скриена во Бога - Создателот на сè;

Прочитајте целосна глава Ефешаните 3