Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 2:8-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!

9. Не од делата, за да не се фали некој.

10. Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.

11. Затоа спомнувајте си, дека вие, кои некогаш бевте незнабошци по тело, и наречувани необрезани од оние, кои се наречуваа обрезани, и кои се тоа по телото, по човечко дело;

12. во она време бевте без Христа, оттуѓени од израелското општество, и туѓи на заветите на ветувањето, без надеж и без Бога во светот.

13. А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.

14. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше,

15. и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,

16. и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уби врз него непријателството.

17. Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу:

18. зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 2