Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 2:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу:

18. зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух.

19. Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога,

20. надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус,

21. врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа,

22. врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 2