Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 2:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. во она време бевте без Христа, оттуѓени од израелското општество, и туѓи на заветите на ветувањето, без надеж и без Бога во светот.

13. А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.

14. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше,

15. и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,

16. и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уби врз него непријателството.

17. Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу:

18. зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух.

19. Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога,

20. надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус,

21. врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа,

22. врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 2